Српскиот актер Милош Биковиќ, во моментов најактуелен на Балканот со хит серијата „Јужен ветар“, е еден од најплатените актери во Русија. Тој во интервју за тамошниот магазин „Esquire“ објасни детали од својот приватен живот, а и за односот со мајката и братот.
Постариот брат на Милош, Михаило Биковиќ е старешина во манастир.
– Мојот брат отиде во манастир кога имаше 22 години, а студираше со потомците на руските емигранти кои дојдоја во Србија по Октомвирската револоција. Важно ми е да кажам дека со него зборувам како со брат, но секогаш се сеќавам дека е сепак монах кој животот му го посвете на Бога. Понекогаш во разговорите сакам да му противречам, но наместо тоа секогаш му велам „ќе размислам за твоите зборови“- раскажува убавот актер кој сега живее во Русија.
Неговата мајка имала различен пристап кон актерската кариера на Милош.
– Нејзе мојот успех не ѝ е многу важен. веруваше дека ќе станам глумец, но не ме храбреше доволно во тоа. Кога мојата кариета тргна во нагорна линија, таа ме поддржа.