Момче чистело лигњи, а внатре нашло нешто неверојатно: Знаев дека во неа има нешто скриено, но ова ме изненади

1352

Адам Тод (28) од Белфаст, купил лигњи на пазар и веднаш забележал колку една од нив е голема. Сепак вистинското изненадување следело кога дома почнал да ја чисти.

„Знаев дека во неа има нешто. Обично кога сум ги купувал таквите лигњи биле половина од таа големина“ – рекол тој.

Кога видел дека се работи за нешто многу поголемо, одлучил да го извади тоа и да види за што станува збор.

„Останав без зборови, не знаев што да мислам. Тоа дефинитивно беше шок. Не е чудно доколку во лигњата видите риба или нешто слично, но бебе од ајкула – никако не можев да го очекувам тоа“, заклучил Адам.