Пред 20 години 6-годишното момче било препознато како реинкарнација на лама, што е второ по ранг во фигурите на тибетскиот будизам.
Оттогаш никој ништо не слушнал за Гедуна Чоеки Најим, но во вторникот Кина изјавила дека тој е сега е дипломат со работа и дека тој и неговото семејство не сакаат да ги вознемируваат во нивниот ‘моментално нормален живот’, пренесуваат од Си-ен-ен.
Кратките коментари од портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Липијан во текот на регуларниот прес брифинг, понудиле редок увид во животот на сега веќе 31-годишниот Гедуна.
Него тибетскит духовен водач Далај Лама го идентификувал како 11-ти панчен-лама во 1995-та година, по смртта на својот претходник. Но, Пекинг го одбил тоа и истакнал свој кандидат, Гјанчаин Норбу, за кој кинеските власти тврдат дека е ‘вистинскиот’ лама.
Со поставувањето на Норбу и исчезнувањето на Гедуна, Кина избегнувала момчето да стане угледна опозициска фигура по Далај Лама кој што живее во егзил откако побегнал во Тибет во 1959-та година. Кинеските власти го обвинуваат Лама за немирите во Тибет, кои ги контролира Пекинг.
Откако пораснал, Норбу се приклучил кон главното кинеско политичко тело, во март 2010-та година. Како 19-годишно момче влегол во Народната политичка консултативна конференција во Кина и често се појавува на важните настани во Пекинг.
Не е познато дали Гедун е свесен дека е избран за панчен-лама. Во соопштението од оваа седмица, по 25 години од неговото исчезнување, тибетската влада во егзил изјавила дека ‘кинеското ‘киднапирање’ на лама и насилното одбивање на религиозниот идентитет и правото на пракса во манастир, не е само кршење на религиозната слобода туку и големо кршење на човековите права’.
Си-ен-ен потсетува дека Пекинг со години наназад укажувал дека има намери да го контролира таквиот процес.
„Реинкарнација на живиот Буда, вклучувајќи го и Далај Лама, мора да биде во состав со кинеските закони и регулации и да ги следи религиозните ритуали и историски конвенции“ – изјавил минатата година претставник од Кина.