Доцна синоќа, но и утрово на социјалните мрежи во Србија се шири снимка од Н1 телевизијата, каде репортерката од терен за време протестите во Белград, зборува со момче кој раскажува дека присуствува на протестот во чест на неговиот по чинат татко.
На прашањето на репортерката од што го загубил неговиот татко, тој со солзи во очите вели дека немало доволно респиратори во болницата во Земун и дека до ден денес чека извештај за дали бил болен од коронавирусот.
„Тато ова е за тебе, немаше респиратор. Тато многу те сакам. Ова е за тебе и за мојот син кој што се роди скоро“, вели момчето.
Откако снимката се рашири, тој на социјалните мрежи сподели подетално што е случувало, а меѓу другото што кажа е и следново
Поминаа 3 дена откако го погребав татко ми, Љубиша Ѓуриќ, академски сликар и мајстор на уметноста. Не можам да си простам дека толку лесно го изгубив татко ми, заради небрежност, негрижа и злоба во здравствената заштита на државата.
Имено, во истиот ден кога тој доби температура од 39, ја повикав клиниката за заразни болести да го доведам на тестирање за „Ковид 19“, но тие ми рекоа да ја следам состојбата.
Температурата се намалуваше и се зголемуваше, во зависност од времето на денот и потоа состојбата се влоши. Се јавував секој ден и тие ми велеа исто. На крајот, кога видов дека почна да кашла и не може да јаде, го седнав во автомобилот и го однесов на Клиниката за инфективни болести каде што чекавме во ред неколку часа.
На крајот, тие се сожалија и го испратија во Обиличев Венац за да ги сними белите дробови.Таму тој добил упат за болницата „Земун Ковид“. Наодот беше воспаление на белите дробови. И тоа беше последен пат кога го видов жив.
Третманот во болницата во Земун, тоа беше како од лош филм. Не можевме да добиеме никакви информации за неговата состојба, затоа што никој не одговараше на телефонот со часови, или тие ми велеа да се јавам во телефонскиот центар, кој е зафатен со часови.
Од лекар практикант, кога го познавам приватно, добивав збунувачки информации за здравствената состојба на татко ми. За време на ретките телефонски разговори со мојот татко, тој ме молеше да го извадам од болницата затоа што не го лекувале добро.
Сепак, се надевав, верував на лекарите. Премиерот и Претседателот преку медиумите велеа дека за пациентите има целосна грижа и не треба да се грижам дека татко ми ќе се излечи. За жал, ништо од ова не беше точно.
Тестот за Ковид 19 што беше направен никогаш не беше добиен. Никогаш не добив отпусна листа или клиничка слика што е неверојатно, дури и не знам дали тој поч инал од Ковид19!?
Утрово на оваа тема се огласи и првиот човек на српското здравство Лончар.
Но, на лагата и се кратки нозете. Министерот за здравство Лончар утринава на Пинк објасни дека не е точно дека немало респиратор. Точно е дека татко му бил хоспитализиран во болницата во Земун но дека таму и во најкритичните моменти не биле зафатени ни 30 респиратори а болницата има 70.