Моментот кој го запали Блискиот исток: Палестинска ракета погодува израелски автобус, а потоа Израелците го запалија Појасот Газа

824

После најновите судири помеѓу израелската армија и палестинските терористи од Појасот Газа, еден цивил во Израел го загуби животот, а на другата страна загинаа четворица Палестинци.

Од терористичката организација Хамас се заканија дека нивните следни мети ќе бидат градовите Ашдод и Бершеба доколку Израел продолжи со жестокото бомбардирање на Појасот Газа.

На интернет се појави и видеото од моментот кој што ја предизвика жестоката ескалација во Појасот Газа. На снимката може да се види како палестинска ракета го погодува израелскиот воен автобус – инцидент кој што беше иницијална каписла за ескаласција на судирите.

Инаку, денес во поглемиот дел од јужен Израел откажана е наставата во училиштата, а од страв и од нови напади одложени се и локалните избори.

Британската новинска агенција „Ројтерс“ открива дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху свикал итен состанок на неговиот безбедносен кабинет каде што ќе се расправа за наредните потези на Израел.

После бурната ноќ и бруталните бомбардирања во кои израелското воено воздухопловство изврши напади на над 70 објекти на Хамас, од израелската армија потврдија дека веќе се испратени дополнителни сили, пешадиски и оклопни единици кон границите со Појасот Газа.