Џејсон Момоа, главниот актер од филмот на популарното филмско остварување „Аквамен“, гостувал во емисијата на Елен Деџенерис и таму се пофалил со необична вештина.
Хоби на Џејсон е фрлање секири, а Елен му дала прилика да го направи тоа и да заработи, но не за себе, туку за другите.

Очекувала Момоа да заработи повеќе од 10 илјади долари, но не го проценила добро. Џејсон донирал дури 31.000 долари на хавајска организација за заштита на околината, а парите ги собрал за само 45 секунди.