Една од најубавите жени на светот, прекрасната Италијанка Моника Белучи на насловна страна со ќерката Дева.
Јавноста вели дека Дева е вистинска убавица, исто како мама Моника
Актерката Моника Белучи и нејзината ќерка Дева Касел го воодушевија светот со заедничката насловна страница за италијанското издание на магазинот „Вог“.
Заедничката насловна страница на Вог со Моника и Дева ја објавил актерот Венсан Касел, таткото на Дева, поранешниот маж на убавата италијанска актерка.
Под фотката на Моника и дева, Венсан кратко напишал:
„Семејна врска“.
Од 2019 година младата Дева Касел излезе од сенката на Моника и Венсан и стана ново лица на модната куќа „ Dolče&Gabana”,исто како и нејзината славна мајка која долги години беше главната ѕвезда на овој моден бренд.