Највисокиот врв во светот Монт Еверест стана повисок за уште 86 сантиметри.
Ова информација ја потврдија претставниците на Кина и на Непал кои се договорија и ја објавија конечната висина на „Кровот на светот“ врвот Монт Еверест.
Така највисокиот светски врв порасна за 86 сантиметри во споредба со претходното мерење на Непал и повеќе од четири метри во однос на претходната надморска височина што Кина му ја припишуваше на Монт Еверест.
Разликата се должи на фактот што Кина ја измери карпестата основа на врвот, а не и нејзината снежна покривка, што сега се зема предвид..Ете, кој сака да го искачи Монт Еверест отсега па натаму ќе му се пресметуваат уште 86 сантиметри плус дека искачил. Монт Eверес сега е висок 8 илјади 848,86 метри.