Морничава глетка: Змија го каснала за машкоста додека седел на вц шолја, крв прскало на сите страни (ФОТО)

815

Змија се криела во вц шолја и каснала студент, штом седнал крвта започнала да прска насекаде во тоалетот.

Сирапоп Масукарат (18) студент од Нонтабури во близина на Бангкок, пред неколку дена за малку не останал без својата машкост бидејќи го каснал питон додека седел на вц шолјата.

Момчето не ни забележало дека змијата се вовлекла во вц школката кога седнал на неа. Во следниот момент почувствувал страшна болка, бидејќи вознемирениот питон го каснал за неговата машкост. Штом станал крв започнала да прска насекаде по тоалетот, а тој во паника започнал да вришти. За среќа, не се здобил со повреди опасни по живот, но на крај сепак морал да оид на шиење, заработил три конци.

-Ние не живееме во рурално подрачје. Не знам како воопшто успеала да влезе во вц школката – раскажува во шок мајката на несреќниот студент.

Момчето изјавило дека болката која ја почувствувал била неподнослива.

-Само што ја спуштив даската, не поминаа ниту неколку секунди и почувствувам страшна болка, веднаш погледнав доле и ја здогледав змијата која ги извлекува забите од мене и се повлекува – раскажува момчето за бизарниот настан.

Тој вели дека змијата, реално била мала, долга помалку од еден метар, но дека болката била толку силна како да го гризнал некој огромен ѕвер.

-Добив антибиотици. Единствено што се надевам е дека тој ќе може да функционира – изјавило момчето покажувајќи кон своето меѓуножје.
Набрзо спасителите пристигнале во домот и ја извлекле змијата од школката. Велат дека во прашање бил питон. Го спакувале во посебна ќеса и го ослободиле подоцна во подалечната шума.

-Ниту тие не знаеја да објаснат од каде змијата се појавила овде. Дали пристигнала низ канализацијата, никој не знае. Знам само дека син ми е повреден. За среќа, не била некоја отворна змија – раскажала вознемирената мајка.

Експертите објаснуваат дека змиите обично завршуваат во тоалетите бидејќи во канализацијата бркаат глувци.

-Постои мала количина вода на дното на вц школката. Змиите влегуваат низ сувата цевка и потоа мораат да поминат уште само малку вода. Еднаш кога ќе научат како тоа да го прават, понатаму е многу лесно за нив – објаснуваат експертите.