27-годишниот Бенџамин Кио, внук на рокенрол легендата Елвис Присли, се самоуби во неговата вила во Калабасас. Внукот на рокенрол легендата бил пронајден со прострелна рана на градите. Полицијата соопштила дека станува збор за самоубиство, но некои околности сè уште не се разјаснети.
Синот на Лиса Мари Присли, ќерка на Елвис и Присила Присли која го добила во бракот со музичарот Дени Кио, се самоуби на роденденската забава на неговата девојка Дајана Пинто и зетот Бен Смит-Питерсон.
Според наводите на странските медиуми, соседите на потомците на Елвис слушнале жена како врескала во раните утрински часови на 12 јули, за која се верува дека е Пинто: “Немој да го правиш тоа!”.

Полицијата пристигнала околу 6 часот наутро и го пронашла телото на Бенџамин во бањата. Бенџамин се заклучил во едно од трите купатила и се застрелал во главата. Во шокантен пресврт на настаните, полицијата од Лос Ангелес открила дека обдукцијата покажала дека Бенџамин ја отворил устата и го повлекол чкрапалото, така што тој се застрелал во главата, а не во градите, како што првично било заведено во документите.
Она што е можеби уште пошокантно е дека тоалетот е истото место на кое во 1977 година бил пронајден мртов и неговиот славен славен дедо, Елвис Присли.

Останува непознато дали со самоубиство во бањата, Бенџамин некако сакал да потсети на неговиот дедо, особено со оглед на фактот што Лиса Мери, неговата мајка, отсекогаш ја истакнувала сличноста помеѓу нив двајца и тоа не само физички.
Понатаму, странските медиуми наведуваат дека соседите, по убиството и по пристигнувањето на полицијата ја слушнале Пинто како разговарала со еден од полицајците и велела дека се плаши дека семејството на Бенџамин ќе ја мрази, па дури и ќе ја обвинуваат за неговата смрт.

Тоа секако не се случило, а Пинто неколку дена подоца била видена како напушта еден хотел во Беверли Хилс заедно со мајката на Бенџамин, држејќи се за раце.
Девојката која очигледно знае што точно се случило со Кио, од момчето со кое била 4 години во врска, помеѓу останатото се опростила со зборовите: “Не можам да го замислам својот живот без тебе”.
