Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтеровата скала утринава во 6:33 часот го потресе Загреб, а набрзо потоа следуваше уште еден земјотрес со јачина од 5 степени, пренесува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на силниот земјотрес беше на седум километри северно од хрватскиот главен град на длабочина од околу 10 километри. Вториот земјотрес се случил во 7:01 часот утрината и неговата магнитуда според последните податоци изнесувала 5 степени по Рихтер.
Засега е потврдено дека едно 15 годишно дете е повредено и се наоѓа во критична состојба.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, Загреб се тресел десетина секунди, уништени биле бројни објекти, а граѓаните панично излегувале на улиците.