Морничави снимки од несреќата Блеград-Ниш! 6 лица загинаа, а 27 се повредени – пожарникарите се обидуваат да ги извлечат заробените луѓе

1245

На автопатот Белград-Ниш кај Јагодина утрово во 07:20 часот се случија два верижни судари во кој најмалку загинаа 6 лица, а 27 се поврдени, потврдуваат од српското МВР.

На теренот сликата е морничава, искршени автомобили, приколки над возилата, помеу 20 до 30 автомобили се уништени.

https://www.youtube.com/watch?v=1dgluiJiX2k

Беше комплетен хаос, бидејќи возачите ја пробија заштитната ограда за да се префрлат на споредниот пат. Неофицијално, сударот во првиот момент го предизвика камион кој бил управуван од германски државјанин, кој удрил во камион пред себе за потоа да дојде до верижен судар во колоната зад нив.

“Се движев од правец Ниш со некоја нормална брзина. Имаше магла, а кога ја поминав Морава – ѕид. Ништо не се гледаше. Толку многу имаше магла. Започнав да кочам, го пристигнав камионот пред себе, застанав, излегов од камионот и веќе возилата почнаа да се судираат”, рече за РТС еден од возачите.

Луѓето се заробени во своите возила и пожарникарите се обидуваат да си извлечат.

Еден од очевидците вели дека патот воопшто не бил прегледен, видливоста имаше едвај на 10 до 15 метри, кога во еден момент се слушнаа врескања. Како што вели, во автомобилот покрај себе виде мртва жена со децата во автомобилот.

Сообраќајот на автопатот во двата правци е блокиран, па се создадоа колони од автомобили.