Францускиот доктор и астролог Мишел де Ностр Дам, познат е по своите предвидувања кои до ден денес се анализираат, а многумина веруваат дека Нострадамус предвидел дека 3-та светска војна ќе избувне во 2020-та година и тоа на Блискиот Исток.
Предвидувањата на Нострадамус велат дека “нафтата на Блискиот исток ќе биде запалена“, дека ќе се случат многу експлозии и дека “авиони ќе паѓаат од небото“.
Пророкот тврди дека војната во Ирак ќе биде прв сигнал дека светот каков што го знаеме наскоро ќе исчезне.
Еден пасус на Нострадамус особено предупредува на глобален конфликт.
Пророштвото на Нострадамус гласи: „Двапати подигнат и двапати соборен, Истокот ќе ослабне, но и Западот. Неговиот противник по неколку борби ќе биде пргонет по морето“.

На зборовите на Нострадамус потсетиле британските медиум, односно Крејг Хамилтон-Паркер кој исто така имал визија дека на Блискиот исток ќе избувне војна.
Меѓутоа, британскиот пророк предвидел и разорен конфликт на Блискиот исток, а не на глобално ниво, велејќи деа конфликтот ќе трае од 2020-та до 2021-та година.
Во конфликтот ќе бидат вклучени и “нередите во Иран“ и сеопшта војна помеѓу Саудиска Арабија и Иран.
Да ве потсетиме дека иранската војска синоќа ја рекетираше американската воена база во Ирак во знак на одмазда поради убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад.