Москва бесна на поранешната Штази: Зошто лично досие на Путин, како агент на КГБ во Дрезден, му било дадено на Навални?

519

Рускиот опозиционер Алексеј Навални не можеше да снима филм за таканаречената палата на Путин во Геленџик без соработка со западните разузнавачки служби, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Ќе истакнам еден специфичен момент, вели тој и додава:

Во овој филм, Навални ја посетува зградата на поранешната резиденција на советската разузнавачка служба во Дрезден, заедно со некои германски колеги и ги демонстрира на јавноста материјалите од папката што ги претставува како „лично досие на Путин“.

Јасно е дека влегувањето во оваа зграда, а особено пред да се добие пристап до некои архиви, е невозможно без соработка со официјалните власти на Германија и најверојатно со нивните разузнавачки служби, вели Лавров.

Според неговите зборови, тоа доволно зборува само за позадината на целата оваа приказна и улогата што Западот ја играше и ја игра во целата промоција во меѓународниот медиумски простор, рече Лавров во изјавата на веб-страницата на Министерството за надворешни работи.

Лавров истакна дека Москва е загрижена за тоа како досието од германските архиви, што според авторите на филмот се однесува на Путин, им било дадено без негова дозвола.

Во врска со ова, се обративме до германското Министерство за надворешни работи за објаснување, кое не извести неколку дена подоцна дека пристапот до Навални до тие архивски материјали е одобрен од надлежната германска институција и дека „нема ништо доверливо“ во материјалите доставени до него. Коментарот е излишен, потенцираше рускиот министер за надворешни работи.

Лавров додаде дека ги трга на страна сите прашања во врска со цената на снимениот филм, скапата графика содржана во филмот, како и кој платил за тој филм.

По ова прашање веќе беа изнесени многу факти, иако официјални лица и западните медиуми нив срамежливо ги игнорираа, додаде рускиот министер.

Може да ве интересира

ФОТО: Научник направи споредба на шест вакцини против ковид-19, еве колку се ефикасни