Количината на снег која претходните денови падна во Москва го собори рекордот од 1999 година, изјави заменик директорот на рускиот Хидрометеоролошки завод, Анатолиј Циганков.
Градските власти обезбедиле над 12.000 парчиња опрема за да се исчисти снегот од патиштата и тротоарите во градот. Меѓутоа, и покрај големата акција, Москва вчера била „парализирана“.
Снегот во текот на вчерашниот ден предизвикал вистински колапс во руската претстолнина каде се случиле десетина судари и сообраќајни несреќи, а коловозите биле блокирани.
Видео снимките кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат колкав хаос настанал на автопатот Симферoпол. За среќа нема загинати, а три лица се полесно повредени. Расчистувањето на хаосот траел со часови.
Невремето предизвикало и проблеми во авиосообраќајот, со што од аеродромот Домодедово се откажани 11 летови, додека на аеродромите Внуково и Шереметјево биле откажани дури 30-тина летови.