Може ли подобро? Рецепт за чоколадни палачинки полнети со фил од јагоди

584

Максимално искористете ја сезоната на јагоди и испробајте го овој рецепт за палачинки, полнети со ова омилено сезонско овошје.

Овие палачинки со чоколаден вкус содржат какао и затоа уште подобро одговараат со слатко-киселиот вкус на јагодите.

Потребни состојки (за 8-10 палачинки):

– 2 јајца

– 2 големи лажици шеќер

– 1 голема лажица какао

– прстофат сол

– 120 гр. брашно

– 50 гр. путер

– 200 мл. млеко

– 100 мл. вода

Состојки за филот од јагоди:

– 300 гр. јагоди

– 300 мл. павлака за готвење

– 2 големи лажици шеќер

Начин на припрема:

1. Најпрвин припремете ја смесата за палачинки која мора да отстои барем еден час за сите состојки да се поврзат и палачинките полесно да се печат.

2. Истопете го путерот и оставете да се излади. Во посебен сад измешајте го брашното и какаото. Јајцата измиксирајте ги заедно со шеќерот и солта, додајте го стопениот путер и добро промешајте.

3. Потоа, во садот додадете ја мешавината од брашното и какаото, добро промешајте и потоа додајте го млекото и водата.

4. Оставете ја смесата во фрижидер, минимум еден час. Смесата можете да ја припремите и еден ден пред печењето.

5. Отстранете ги дршките од јагодите и добро измијте ги. Исечкајте ги на ситни парчиња, ставете ги во еден сад, додајте две лажички шеќер и оставете ги околу половина час за да пуштат сок. Потоа, додајте ја павлаката, измешајте и ставете ги јагодите во фрижидер.

4. Палачинките испечете ги на класична тава. Кога ќе се изладат, премачкајте ги со филот од јагоди и декорирајте по желба.

Пријатно јадење!