МПЦ со „света четворка“ ќе гради хидроцентрала на Треска

816
Според идејниот план, вредноста на целиот проект би бил околу 700.000-800.000 евра, но точната сума и кога и дали проектот ќе биде реализиран останува да видиме, затоа што засега сме само на идеја, вели митрополитот Тимотеј за Плусинфо.

Владиката Тимотеј потврди дека Македонската православна црква (МПЦ) се вклучува во бизнисот со струја. Тој за Плусинфо објасни дека станува збор за идеен план за изградба на мала хидроцентрала во кој покрај МПЦ се вклучени уште четири други партнери.

– Точно е дека донесовме одлука за влез во заеднички проект за изградба на мала хидроцентрала на реката Треска. Според идејниот план, вредноста на целиот проект би бил околу 700.000-800.000 евра, но точната сума и кога и дали проектот ќе биде реализиран останува да видиме, затоа што засега сме само на идеја – ни одговори митрополитот Тимотеј.

МПЦ заедно со четирите партнери на 25 ноември основале компанија за производство на електрична енергија. Покрај  МПЦ, основачи на компанијата „Друштво за производство на елекрична енергија ХЕЦ Драгов дол коо Кичево“ се и Сретен Миладиновски, Александра Аврамовска, Слободан Јовески и фирмата „Мелничко пекарска индустрија Жито Караорман АД Кичево“.

Тимотеј не знаеше дали се веќе поднесени барањата за лиценца за производство на електрична енергија.

– За тоа има посебни луѓе и јас навистина не знам до каде е таа работа – ни рече митрополитот.