Мрачната серија на Нетфликс за само три дена добила највисока оцена на “Rotten Tomatoes”

1282

Серијата на Нетфликс, “Mindhunter”, која многумина ја опишаа како “вознемирувачка”, ги воодушеви гледачите веќе во првата сезона, а втората сезона за многу кратко време заработи највисока оцена на страницата “Rotten Tomatoes” – неверојатни 100 отсто.

На “IMDb”, таа оцена изнесува високи 8,6. Во серијата чија приказна се случува во текот на 70-тите години на минатиот век, ги следиме ФБИ агентите Холден Форд (Џонатан Гроф) и Бил Тенч (Холт Мекалани) кои се обидуваат да проникнат во умовите на изопачените сериски убијци, силувачи и злоставувачи.

Ликовите во серијата се инаку вистински убијци, а нив ги глумат воглавно непознати актери со цел што помалку да се одвраќа вниманието од тоа дека станува збор за вистински манијаци.

Во втората сезона се појавува и Чарлс Менсон, а интересно е што го глуми истиот актер, Дејмон Хериман, кој го отелотвори и во новиот филм на Тарантино – “Once Upon a Time in Hollywood”.