Иако непријатната ситуација од дуелот против Јапонија и тоа како МРТ 2 пренесуваше дел од натпреварот, сепак тоа нема да помине без санкција.
Познато е дека коментаторот на споменатиот меч против Јапонија, Адеми, не сакаше да го изговори името на Столе Стоилов пред се поради тоа што пред десетина дена ја напушти манифестацијата и доделувањето на наградите за најдобрите од 2018 година поради зборување на албански јазик, па на свој начин се обиде да се одмазди.
Но тоа не помина незапазено од јавноста, која е револтирана зошто Стоилов кој на првиот меч од ракометниот Мундијал беше прогласен и за МВП на натпреварот, го нарекоа „играч со број 5“.
Од Македонската радио телевизија најавуваат санкција за тој немил настан.
„Сакаме да ја известиме јавноста дека ќе се мреземат сите мерки за утврдување и санкционирање на однесувањето на наши вработени. МРТ е јавно претпријатение кое ги обединува сите програмски сервиси. Јавноста набргу ќе биде известена за преземените мерки од инцидентот“, порачаа од главната ТВ во државава.