МРТВ избра годинава кој да не претставува на Евровизија

1219

Пејачот Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на годинешниов избор за песна на Евровизија во Ротердам – Холандија. За изборот на Гарванлиев одлучи МРТ зад затворени врати, што стана пракса на јавниот сервис изминативе две години години.

Песната, со која ќе настапи струмичанецот, како ни нејзиниот композитор или авторски тим не се избрани. За тоа допрва ќе се одлучува.

Веста беше обзнанета (дали случајно?) на  празникот „Василица“ – именденот на пејачот! Како што добро упатените тврдат дека не случајно што и лани како придружен вокал на Тамара, така и годинава како главен изведувач, Гарванлиев е избран да не претставува на Евросонг.

По објавувањето на веста дека тој е нашиот годинешен евровизиски претставник, Васил се огласи на социјалните мрежи, со своето прво обраќање во јавноста.

Со многу возбуда, дузина  убави зборови и грст благодарници што е избран, струмичанецот ги спомна сите: Од МРТВ, преку соработниците до семејството, ама Васил Гарванлиев  во своето обраќање до јавноста, не спомена само едно нешто: „Ниту „М“ од Македонија!

Во неговите зборови никаде го нема името на земјата која го праќа да ја претставува. Гарванлиев, името Македонија го замени со зборовите „нашата земја“ или „мојата таковина“, без да и го изусти името.

„Па добро бре Василе, знаеш ли за кого ќе пееш?“

Еве го неговото обараќање во целост:

„Оваа година не можеше да ми започне со поубава вест.

Почитувани пријатели, соработници и поддржувачи на мојата музика со особена чест (и многу возбуда) сакам ве исвестам дека оваа година ја имам можноста, задоволството, и одговорноста да ја претставувам НАШАТА ЗЕМЈА на најголемиот музички фестивал – Евросонг во Ротердам.

Оттука, сакам да се заблагодарам на целиот тим од МРТВ кој ме изгласа и одлучи да ми ја даде довербата токму јас да ја имам оваа чест но и одговорност истовремено.

Од кога паметам за себе, музиката e сѐ што правам, за што постојам, а многу често беше и е единствената светла точка во мојот живот. И покрај тоа што имам долгодишно искуство на меѓународни сцени свесен сум за предизвикот и одговорноста што претстојат за време на овој глобален настан, особено после успешниот пласман со Тамара минатата година. Сакам накратко да се oбратам на сите тие кои сонуваат и не се откажуваат од нивните амбиции. Патеката не секогаш е лесна, но еден ден секој чекор изоден напред со вложен труд и искрена љубов кон тоа што го правите ќе вроди со плод. Не се откажувајте никогаш!

Од сѐ срце благодарам на моето семејство и на моите соработници кој ме поддржуваат уште од самиот почеток, па дури и тогаш кога моите идеи им звучеа луди и апсрурдни. ВЕ САКАМ!

Драги мои, подготвен сум за ова ново “патување” со отворено срце и искрена приказна, овој пат ветувам дека ќе дадам се од себе за МОЈАТА ТАТКОВИНА, за сите нас!!! Се гледаме во Ротердам“ – напишал Гарванлиев на Фејсбук.