Му ги издишаа гумите на бугарскиот камион за да ги земе 45-те тела на загинатите

1149

Камионот со кој до аеродромот ќе се транспортираат 45-те идентификувани тела од автобуската сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струма пристигна во мртовечницата, објави 24 Часа.

Посмртните останки ќе се превезат до аеродромот Враждебна, од каде денес треба со авион да пристигнат во Скопје.

Камионот пристигнал вчера во 8 часот утрината, во зградата на мртовечницата во главниот град на улицата „Здраве“.

Меѓутоа, машината не успеала да влезе во дворот на мртовечницата бидејќи се покажало дека е превисока.

Таа веќе скоро еден час чекала на влезот, а возачот и локалната полиција не знаеле првично како да се справат со проблемот.

Во 9:30 пристигна дипломатски тим со претставници на Република Македонија, а час и половина подоцна камионот успеал да помине откако му биле издишани гумите.