Му се јавила канцеларката за лично да му се заблагодари, а тој ѝ спуштил слушалка

1533

Германската канцеларка Ангела Меркел сакала во телефонски разговор лично да им се заблагодари на пожарникарите за нивниот придонес во кризата за време на пандемијата на коронавирусот, но командирот ѝ спуштил слушалка.

Меркел се јавила во пожарникарската служба во Берген, но шефот на тамошната противпожарна единица, Андре Мусвик кој се јавил, мислел дека станува збор за шега.

За да не биде предмет на шега, мислејќи дека „го мести“ некоја радио станица, шефот на противпожарната единица Мусвик веднаш ѝ спуштил на канцеларката. Меѓутоа, набрзо потоа, повторно заѕвонил телефонот и се јавила прес-службата на канцеларката, од каде што на Мусвик му објасниле дека претходно го побарала шефицата на германската влада.

Потоа, Меркел повторно се јавила и лично им се заблагодарила на пожарникарите за нивната работа во време на епидемијата на Ковид-19.

Таа преку медиумите дознала дека пожарникарските екипи во Берген, после негативните тестови на коронавирусот, одлучиле доброволно сами да се стават во карантин, за да останат здрави и да можат да им служат на граѓаните.

Поради тоа, Меркел сакала лично да им се заблагодари на сите пожарникари од тој округ.