Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Тимчо Муцунски ќе биде кандидат на опозициската партија за градоначалник на општина Аеродром.
Во комбинаторите кои се споменуваа за можен канидадат на ВМРО-ДПМНЕ за оваа општина досега не фигурираше името на Муцунски. Негов противкандидат од редовите на СДСМ ќе биде економистот и поранешен пратеник, Александар Филиповски.