Аеродром – прва општина што пренаменува маркица од згради во паркови, објави градоначалникот Тимчо Муцунски потенцирајќи дека поведена е постапка за бришење на две маркици за згради кои ќе станат паркови.
– Денеска на моја иницијатива до советот на Општина Аеродром беше поднесено барање за започнување на постапка за бришење на две градежни маркици во Реонски Центар каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда. Среќен сум што советот ја изгласа оваа иницијатива и дека конечно ќе се слуша гласот на граѓаните, вели Муцунски
То додава дека на тоа место во програмата предвидено е да има парк од 5000м2 со монтесори содржини.
– Промените на владеење во Општина Аеродром се случуваат. Одговорното работење е наш приоритет, напиша Муцунски.