Мурињо и натаму се шегува со арената: „Мислев дека сум пораснал, ама…“ (ФОТО)

660

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо и по завршувањето на синоќешниот натпревар со Шкендија во квалификациите за Лигата на Европа, одлучи да се пошегува со подготвеноста на националната арена во Скопје за натпревари од највисок ранг.

Пред почетокот на дуелот, голманите на Тотенхем му сугерирале на Мурињо дека головите на најголемиот македонски стадион се пониски од неопходното. Откако било пријавено до делегатот на мечот, утврдено е дека едниот гол е понизок за пет сантиметри па веднаш е променет.

„Мислем дека сум пораснал, но тогаш сфатив дека голот е понизок за пет сантиметри“ – напиша Мурињо на својот официјален Инстаграм профил, испратено со фотографија од арената „Тодор Проески“.