Жозе Мурињо проговори за периодот додека беше тренер на Јунајтед и околу тоа дали бил жртва на кавгата со Пол Погба.
Мурињо на ова прашање одговори негативно, но сепак порача дека верува дека на „Олд Трафорд“ и натаму има проблеми.
„Не. Таму има проблеми. И самите можете да сфатите дека има проблеми со играчите, организацијата, па и со амбициите. Можам да ви кажам дека не можам да речам „да“ кога ме прашувате дали само Погба е одговорен за проблемите“, изјави Мурињо и додаде:
„Кога е Јунајтед во прашање можам да кажам само две работи. Првата е дека времето го кажа своето, а втората е дека проблемите и натаму се тука“, изјави Мурињо.