Музичар застрелан на свадба: Сватот запукал од радост и со сачмарка го погодил клавијатуристот

950

Младиот клавијатурист Драгослав Бучиќ (32) е застрелан доцна синоќав за време на настап на една свадба во Република Српска. Осомничениот Милета Ковачевиќ (24) полицијата веднаш го привела.

Бучиќ се здобил со повреда на левата натколеница и бил префрлен на лекување во Клиничкиот центар на РС.
Инаку, се се случило по завршувањето на веселбата кога Ковачевиќ почнал да пука од радост од сачмарка, но наместо во воздух запукал кон шаторот во кој биле музичарите.

Драгослав инаку е родум од Лозница и е татко на две деца.