Најмалку 34 луѓе, повеќето тинејџери, се повредени откако се срушила трибина во текот на карневалската поворка во аргентинскиот град Вила Санта Роса.
На снимката се гледа како околу 250 луѓе се забавуваат на музиката, пред смртоносна тишина да ја исполни арената само неколку моменти откако трибината се срушила под нив. По падот, на снимката се гледаат и неколку луѓе кои панично се придржуваат до предметите во близина за да избегнат пад помеѓу несреќните луѓе и гледаат како нивните пријатели исчезнуваат под нив во облак од прашина.

Некои од жртвите се здобиле со скршеници, а други добиле повреди на грбот. Засега нема информации за починати лица.
Градоначалникот Виктор Кајфер изјавил: “Кога проаѓала карневалската група, младите почнале да скокаат горе-долу, а основата на сцената попуштила и тие паднале на земја. Тоа бил инцидент кој можел да биде многу посериозен. За среќа, нема загубени животи”.