Познатата македонска актерка, Силвија Стојановска, на 19-ти овој месец беше приведена во врска со заплена на огромни количини на кокаин.
Актерката беше спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, каде и беше одреден 30-дневен домашен притвор.
Силвија Стојановска била дел од криминална група која заедно со нејзиниот сопруг и неговиот брат, учествувале во пренос на дрога од Колумбија.
Дрогата била пронајдена во Мадрид, а Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.
По повод оваа акција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денес одржал прес конференција.