МВР откриле кој ги објавува прислушкуваните разговори на Фејсбук

1897

МВР утврдило кој ги објавил снимките од прислушкувани разговори на Фејсбук и за тоа го известило Јавното обвинителство. По целосно расчистување на случајот, најавија дека ќе биде поднесена кривична против сторителот.

– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во координација со јавното обвинителство се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот со пласирањето на снимки од прислушувани разговори преку социјалната мрежа Фејсбук. Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста. – се вели во соопштението од МВР.