МВР со детали за апсењето на мајката на Пино

1180

МВР го потврди апсењето на Маја Трпковска, мајката на убиениот Пинета Секондо.

-Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ , лицата Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, рекоа од МВР.

Според Трпковска, таа била приведена бидејќи извикувала „Македонија, Македонија“ кај Порта Македонија.

Додека ја приведуваа, Маја изрази револт бидејќи полицијата не била така ревносна кога требало да го бараат нејзиниот син.

(Видео: Инфомакс)

Мајката на Пино уапсена бидејќи викала „Македонија, Македонија“

Мајката на Пино уапсена бидејќи викала „Македонија, Македонија“

Posted by infomax.mk on Friday, July 5, 2019