Од МВР соопштуваат , викендот во времето од 07.00 до 17.30 часот, во организација на „АКК Примо АВЈ” – Скопје, ќе се одржи меѓународен кружен натпревар во автомобилизам „Скопје 2018 -2“ на потегот од крстосница на булевар „Крсте Петков Мисирков“ и булевар „Гоце Делчев“, право до крстосница на булевар .„Гоце Делчев“ и улица „Беласица“ до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосница на улица „Владимир Комаров“ и улица „Беласица“ во Скопје.
Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на Град Скопје.
МВР апелира до Граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.
„Скопје круг ноември 2018“ е закажана за 18 ноември, официјалното отворање е од 11 часот, трката од 12 часот. Ова е последна трка во сезоната за календарот на кружни патеки. Учество имаат потврдено повеќе од 30 домашни возачи, како и гости од странство.
Чест ни е да ве информираме дека за прв пат во Македонија АКК Примо авј во соработка со брендот Renault и Automotive group како официјален импортер за брендот Renault, во склоп на трката, ќе го организираат првиот Twingo Cup и ќе се претстават со свој штанд на кој ќе биде промоцијата на тркачките автомобили. Гостин на неделниот настан ќе биде првиот шампион на Twingo Cup, Боштван Авбељ, информираат од АКК Примо авј.
Покрај натпреварувачкиот дел во кој трките ќе бидат поделени по класи, ќе има и ревијален дел во кој Класата Бамбини сочинета од млади дечиња ќе возат картинг на патеката. Дополнително, настанот има и хуманитарен карактер, организаторот АКК Примо авј заедно со спонзорите ќе доделат донации на децата од СОС Детско село