На бананата додадете и уште две состојки и збогувајте се со бронхитисот

1017

Ве мачи хроничното кашлање и борнхитис? Со само две состојки ќе ставите крај на тоа. Благодарение на моќните состојки на медот и бананите, оваа домашна смеса ќе ви помогне да се ослободите од воспаленото грло, кашлање, па дури и стомачните проблеми.

Состојки:
– 400 милилитри врела вода

– 2 банани кои имаат црни точки на лушпата

– 2 лажички мед

Подготовка:
Излупете ги бананите и згмечете ги со вилушка или лажица. Подобро би било тоа да биде дрвена лажица, бидејќи од металот може бананата да потемни. Потоа бананите ставете ги во сад и додадете им ја врелата вода. Оставете ја смесата да одстои пола час. Кога смесата ќе се олади, додадете мед. Многу е важно медот да го ставите последен, бидејќи ако го измешате со врелата вода ќе ги изгуби своите витамини.

Како се применува:
Од овој напиток пијте 4 пати дневно по 100 милилитри. Оваа количина на состојки е доволна само за еден ден, а наутро направете нова. Првите резултати ќе ги забележете за пет денови.

Медот е храна која се искористува 100 проценти од страна на организмот, а капка мед содржи повеќе од сто различни материи, многу полезни за човечкиот организам. Одлично би било да го користите како засладувач наместо шеќер во чајот и млекото. Тој го подобрува варењето, ја уништува патогената флора во цревата (ја запира дијареата), ја спречува надуеноста во цревата помага при анемија и има ред други полезни дејства. Препорачливо е дневно да внесувате од 2 до 4 лажици мед. Медот е лек на дофат на рака во секое време.

Исто така во периодите на настинки при појавувањето на првите знаци на инфекција добро е да земете мед во саќе така што еден залак се џвака по 10 до 15 минути на секои три часа. При респираторни инфекции одличен е високо планинскиот мед од мајчина душичка.