На фудбалски натпревар во Боливија наеднаш се појавило торнадо

582

Од еден фудбалски натпревар во Боливија ни доаѓа несекојдневна снимка.

Локални нисколигаши во боливиската престолнина Ла Паз, инаку град кој се наоѓа на неверојатна надморска висина од дури 3.600 метри, имале проблем со торнадо.

За среќа, станувало збор за кратко песочно торнадо кое изгледало опасно, па играчите од двете екипи се разбегале барајќи засолниште во соблекувалните.

Изгледа дека судијата бил најхрабар на теренот, па останал додека мини торнадото минало директно преку него.

На снимката во еден момент судијата воопшто и не се гледа од песокот на теренот, но на крајот се се завршило добро.

Летале делови од опремата на фудбалерите и тоа било се. Ако имало трева на теренот, веројатно немало ни да постои оваа, на прв поглед драматична снимка.