На камион му откажале сопирачките среде возење: Возачот 2 километри возел наназад, а поради ова сите му ‘симнуваат капа’

930

Снимката од камионот чии сопирачките откажале на пат во Анкара – го одзема здивот, а за среќа била избегната трагедија благодарение на трезвеноста на возачот Касим Ајмерган (61).

Тој два километри возел наназад, внимавајќи да не направи сообраќајна несреќа.

Гледајќи преку ретровизорот, после два километри тој го совладал ‘лудиот’ камион. Зборувајќи за турските медиуми после овој необичен настан, Ајмерген рекол дека стравувал дека некој ќе настрада, но дека е пресреќен што не удрил никого.

„Му благодарам на Бога што го запрев возилото, а никој не повредив“, рекол тој, додавајќи дека после сè пуштил солза, но од среќа, бидејќи сè завршило добро.