На колена, со избричени глави и превез преку очите чекаат пред воз: Еве како Кинезите ги третираат криминалците

748

Вознемирувачка снимка направена со дрон, на која можат да се видат стотина мажи со превез на очите во придружба на вооружени војници, овие денови се прошири на интернет.

Се верува дека станува збор за продолжување на притисокот на кинеските власти врз муслиманските Ујгури на западот на земјата, иако никако не може да се потврди идентитетот на заробените лица.

„СиЕнЕн“ објави видео снимка на која можат да се видат стотици лица облечени во виолетови и портокалови униформи, на кои пишува „Затворски центар Кашгар“. На затворениците им се избричени главите, најголемиот дел од нив имаат превез на очите, а додека седат на колена пред возот, ги надгледуваат вооружени војници на кинеската армија.

Кинеските власти засега молчат за снимката и не одговараат на новинарските прашања, а локалните власти дадоа само официјално соопштение во кое тврдат дека станува збор за пресметка со криминалците во согласност со кинеските закони.

„Регионот се обидува да ги скрши криминалците кои што сториле злосторства, без разлика на нивната етничка или верска припадност. Транспортот на затворениците е вообичаена законска пракса“, стои во соопштението.

Инаку, во истата област во изминатите две и пол години, кинеските власти заробија стотина илјади Ујгури и припадници на другите муслимански малцинства, сместувајќи ги во „дерадикализирачки кампови“.