На најубавата жена на светот ѝ ѕирнало… Тешко е да се сфати постоењето на ваквите панталони

1350

Бела Хадид во текот на модната недела во Париз била една од најангажираните манекенки – практично, немало бренд чии модели не ги претставувала на модната писта.

На паузите, оваа млада дама шетала по улиците на француската престолнина или пак одела на гала забави, а папараците ја следеле секаде.

Така го забележале и ова необично, но модерно “стрит стајл“ издание на Бела по кое што инаку е и позната.

Жената чие лице долги години е прогласувано за најсовршеното на светот, преферира урбани и лежерни парчиња облека.

На неа овој пат може да се забележат парчиња облека кои што со сигурност ќе бидат во тренд во наредниот период.

Најмногу внимание привлекле нејзините панталони – сиви, со рамни линии и прорези на необично место.

Бела покажала и малку гола кожа, со оглед на тоа што овие панталони имале дупки во пределот на интимните делови, односно ногавиците не се во целост споени со горниот дел.

Малку бизарно или пак не?