АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
РАБОТИ НА ПАТ:
Ве известуваме дека од 13.09.2018 се врши реконструкција на бул. “Партизански Одреди од” мост “Обединети Нации” до кружен тек на ул. “Ацо Шопов” и тоа за Дел 2: Пеконструкција на бул. “Партизански Одреди” од мост “Влајко” до кружен тек на ул.” Ацо Шопов”, во времетраење од 210 календарски дена.
Илинден АД Струга известува дека од 25.08.2018 година, поради рехабилитација на битолската обиколница, на потегот од бензинската ЛукОил, на влез од Битола, до с. Крклино, сообраќајот ќе биде во прекин се до завршување на градежните работи, истиот ќе се пренасочува преку градот Битола.
Времен режим на наплатните станици Петровец, Градско, Гевгелија и Романовце:
Друштвото АСФАЛТ ДОЕЛ СКОПЈЕ известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на налатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрениата за времен режим на сообраќај и тоа на:
наплатната станица Петровец во периодот од 01.08.2018 до 30.09.2018 ;
наплатната станица Градско во периодот од 08.08.2018 до 07.10.2018 ;
наплатна станица Гевгелија (на магистралниот пат А1, делница Демир Капија-Гевгелија )во периодот од 21.06.2018. до 18.10.2018 ;
наплатната станица Романовце во периодот од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.
Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.
ВИЈАДУКТ ТРЕЈД информира дека од понеделник 20.08.2018 ќе се изведуваат градежни активности -Рехабилитација на обиколка на Скопје(клучка Стајковци-клучка Мирковци) возна и брза лента во времетраење од шест месеци.
Од 14.08.2018 год., во Скопје започнуваат работи на пат на две локации:
„ Геинг“ известуваат дека од 14.08.2018 год. до 3 септември, поради геодетски мерења и вадење кернови, на булеварот Партизански одреди од раскрсницата со булеварот 8 Септември до мостот „Обединети нации“ сообраќајот ќе се одвива со времено изменет режим на сообраќај, согласно поставената сообраќајна сигнализација.
„Ескаватори-Мк“ известуваат дека од 14.08.2018 год. , ќе отпочнат со работа на реконструкција на ул. „Ацо Шопов“ од раскрсница со бул. „Илинден“ до раскрсница со Бул. „Партизански одреди“, согласно Одобрениот Времен Режим на сообраќај. На ден 18.08.2018 год. (сабота ) ќе отпочне асфалтирање на делот од раскрсницата со бул. „Партизански одреди“ до раскрсницата со ул. „Фјодор Достоевски
Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Плаина) од 10.08.2018 се воведува времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.
ВИАДУКТ ТРЕЈД-Гостивар ќе изведуваат градежни активности за изградба на пешачка патека на потег Петровец – Р’жаничино, дел од регионален пат Р – 1102, Општина Петровец, Скопје во времетраење од деведесет дена почнувајќи од вторник (26.06.2018).
Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.
Продолжуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2 делница од Гостивар ( мост кај село Здуње ) до село Колари, како и санација на мостовите на истата делница во должина од 28,5 км. Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.
ДГ Бетон АД Скопје известува дека од 21.02.2018 има градежни активности за Рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба, воведена е времена измена на режимот на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.
Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на Експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионланиот пат P1205. За таа потреба е воведена времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.
На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.