Според зборовите на Игор Сечин, нафтата од новото руско наоѓалиште е поквалитетна од нафтата од Блискиот Исток. „Како нема да е, наша е“, коментираше Путин.
Шефот на рускиот нафтен гигант „Роснефт“ Игор Сечин му подари на рускиот претседател Владимир Путин шише нафта со највисок квалитет.
„Имам голема чест да ви врачам примерок од нашата прва нафта што ја испумпавме на 31 бушотина на Западното Иркинско нафтено поле“, рече Сечин и додаде дека се работи за нафта со највисок квалитет на светот.
„Како на Блискиот Исток“, се интересираше Путин.
Сечин: Подобра од блискоисточната.
Путин: Се разбира дека е подобра.
„Како нема да е? Наша е“, заклучија Путин и Сечин.
Сечин подарил Путину бутылку нефти. pic.twitter.com/B6z6N3TsGQ
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) August 18, 2020