Над Јонското море се развива циклон со тропски карактеристики, кој до сабота би можел да се претвори во најсилниот медитерански ураган некогаш забележан, односно медикен од втора категорија.
“Severe Weather Europe” на својата интернет страница објави дека сите модели го потврдуваат создавањето на ураган кој би можел да се формира кон крајот на денешниот ден или утре наутро. Постои можност на својот пат во сабота да удри во грчкиот брег, вклучувајќи го и островот Крит, а потоа во текот на неделниот ден да продолжи да се движи кон Егејското море и западните брегови на Турција.
Моделите се поклопуваат
Страницата истакнува дека моделот на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF) укажува на формирање на длабок циклон во Јонското море во сабота и дека тој се поклопува со другите модели, пренесува “Index.hr”.
“Точната положба треба допрва да се дефинира, меѓутоа постои прилично општа согласност дека се формира медикен”, пишува “Severe Weather Europe”.
Tие додаваат дека формирањето на ураганот во Јонското море го потврдуваат моделите “GFS”, “ECMWF” и “ARPEGE”, со тоа што последниот модел укажува на поагресивни и побрзи ветрови кои кон средината на саботниот ден ќе се приближат до грчките крајбрежја.
Силни ветрови и поплави опасни по живот
На моделите за недела, медикенот би требало да се пресели на северот над Егејското море или дури до турските брегови каде би можел да предизвика опасни поплави, а според предвидувањата, неговите удари би можеле да надминат брзина од 150 км/ч. Можни се и обилни врнежи – до недела вечер се очекува да наврнат помеѓу 200 и 450 милилитри дожд. Тоа значи дека некои краеви би можело да бидат загрозени од разорни поплави опасни по живот, посебно на југот на Грција.
Моментално сите модели го потврдуваат развојот на циклонот во текот на следните 36 до 48 часа.
Impressive morning satellite animation of the developing cyclone in the southern Mediterranean sea today. Cyclogenesis is now taking place. It will lead into the formation of a Tropical-like cyclone (TLC) / Medicane tonight. Source: @SAT24_SAT pic.twitter.com/5j2GhhBv0R
— severe-weather.EU (@severeweatherEU) September 27, 2018
Можна појава и на Јадранот
Медитеранскиот ураган е редок циклонален состав кој го карактеризираат око, топло јадро и непостојан фронт. Воглавно е со краток век од околу 48 часа. Бидејќи Средоземното море е релативно мало и затворено, ветровите на медикенот вообичаено немаат постојани брзини поголеми од 135 км/ч. бидејќи морската површина не е доволно голема за нивно зајакнување. Иако се нарекуваат медитерански урагани, тие ретко достигнуваат сила и разорност како оние на Атлантикот или Тихиот Океан.
Медикенот наречен Нума кој ја погоди Грција во 2017 година предизвика големи поплави во кои загинаа 20 лица. Циклонот Фауст кој имаше некои обележја на медикен, ја погоди јужна Далмација во 2008 година.
Климатолозите сметаат дека бројот на медикени би можел да се зголеми со климатските промени.