На своите ќерки ќе им остави 20 милиони долари наследство, доколку ги исполнат овие услови

757

Милионер од Менхетен, Морис Лабок, остави прилично големо наследство за своите ќерки, но тие нема да ги добијат парите толку лесно.

Викториа и Марлена Лабок наследија по 10 милиони долари, но за да ги добијат тие пари, нивниот татко постави одредени услови.

Целиот износ ќе можат да започнат да го користат на 35 години. Доколку 21 годишната Марлена и 17 годишната Викториа сакаат дел од парите да започнат да го трошат порано, треба да исполнат неколку услови.

Така, на пример, Марлена може да добие половина милион долари доколку се омажи, но само под услов нејзиниот иден маж да потпише договор со кој ветува дека нема да ги троши нејзините пари.

Сумата од 750.000 долари ќе ја добие доколку заврши факултет и во краток есеј образложи што планира да направи со тие пари.

Двете ќерки ќе добијат три пати поголем износ доколку работат на добро работно место до 2020 година. Доколку имаат деца и не работат, годишно ќе добиваат 3% од вредноста на своето наследтво.

Брајан Есер, адвокат за недвижнини, наведува дека во ваквите случаеви всушност се работи за контрола. Родителите, бабите и дедовците на тој начин сакаат да контролираат што ќе се случува со нивните пари кога тие ќе починат.