Многу корисници на “WhatsApp” и “Viber”, во последните неколку дена добиле порака во која се повикуваат да учествуваат во наградна игра на “Adidas”, но станува збор за измама.
““Adidas” подарува 3000 бесплатни пара обувки, 1800 маици за да ја прослави својата 95-годишнина, а патиките бесплатно можат да се набават на http://www.adidas-neo.club/offer/”.

Пораката е измама, а доколку се кликне на понудениот линк, вашиот телефон ќе се “замрзне” и единствениот начин за повторно да проработи мобилниот е присилно да се изгасне и пак да се вклучи. По вклучувањето, истата порака ќе биде испратена на сите контакти кои ги имате во апликацијата за разменување на пораки, а измамниците можат да дојдат и до други податоци на вашиот мобилен телефон.
Измамата ја потврди и самата компанија, истакнувајќи дека тие немаат таква “наградна игра”. Имено, оваа измама се шири од 2017 година, а освен “WhatsApp” и “Viber”, ја добиле и корисници на “Facebook” и “Twitter”.