Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација е 427,535 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 231.014 граѓани.
Интерес за вакцинација граѓаните можат да искажат преку веб страницата vakcinacija.mk и преку својот матичен лекар.