Потоа девојката станала негов макро и врбувала малолетнички. Една од жртвите на милијардерот педофил Џефри Епстајн кој вчера се убил во затворската ќелија, била манекенката Нада Марчинкова чие семејство од поранешна Чехословачка се преселило во поранешна Југославија.
Извештаите откриваат дека Епстајн изјавил дека една од малолетните жртви била Нада, неговата “југословенска сексуална робинка“. Неколку девојки тогаш изјавиле дека Епстајн ги присилувал да имаат сексуален однос со Нада, а чинот на крај прераснувал во групен сексуален однос со него и со манекенката.
„Епстајн ја купил Нада од нејзиното семејство во Југославија. Се фалел дека ја донел во Америка за таа да биде неговата југословенска сексуална робинка“ – напишал детективот Џозеф Рикари откако разговарал со една од жртвите.
Жртвите наводно му рекле на инспекторот дека Нада била малолетна во текот на поголемиот дел на опишаните инциденти и дека немала ни 16 години кога таа и уште една малолетничка биле жртви на приморано орален сексуален однос со помош на “играчки“ и дека сексуално се стимулирале една со друга додека Епстајн ги набљудувал и се самозадоволувал во кревет.
Melanija Knavs, now Melania Trump, came to the US from Slovenia w/Trump Model Management in 1996. Epstein, who wanted to base a modeling agency on Trump’s, brought model Nadia Marcinko to the US fr/Slovakia when she was 15. She helped run his rape-hostage operation in Palm Beach. https://t.co/SDgXviGHHg
— Virginia Heffernan (@page88) July 8, 2019
Истата неименувана девојка низ солзи зборувала дека во текот на периодот од две години безброј пати била во вилата на Епстајн во Палм Бич и дека заработила илјада долари. На почетокот била дополнително платена за орално задоволување на Нада, а со секоја наредна недела ситуацијата ескалирала, се наведува во извештајот.
„Раскажала дека главата ѝ била закована за кревет… Викала “не“ и Епстајн престанал“ – се наведува во извештајот. Набрзо потоа жртвата раскажала дека Епстајн во 2005-та година ѝ купил автомобил за лична потреба.
Who is #NadiaMarcinko ? Just another woman, pleading the 5th in #EpsteinUnsealed
Q. Have you understood when I talk about young girls, I mean aged 13-27?
A. I plead the 5th (Same answer) @kelli_fustos @KathyMicale @Bella_deOlivera pic.twitter.com/rIwR5nsnaf—
Traffick Report Show
(@TraffickReport1) August 10, 2019
Другата девојка детално ги опишала сцените кои се случувале кога веќе била полнолетна. Таа првпат го запознала Епстајн на 18 години кога го задоволувала орално, но го одбила неговото барање тоа да го прави со друга девојка. Во некој момент тој побарал таа да се самозадоволува додека ги гледа како Епстајн и Нада имаат сексуален однос.
Третата жртва на полицијата ѝ раскажала дека на 16 години првпат имала сексуален однос со Нада и навела дека Епстајн ги фотографирал нив две во текот на сексуалниот однос во неговата куќа. Нада подоцна врбувала и некои други девојки, но на крајот го прекинала контактот со Епстајн.
Нада е родена во поранешна Чехословачка. Пред неколку години го сменила презимето и го американизирала името така што сега се вика Наџа Марцинко. Таа е пилот за комерцијални летови, инструктор за летање и генерален директор на сајтот „Aviloop„ посветен на авијација.