Тони Надал смета дека фаворити на Ролан Гарос годинава ќе бидат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Тој смета дека Федерер на овој турнир нема некои големи шанси за напредување и нова титула.
„Рафа не играше добро во Мадрид, Барселона и Монте Карло, но мислам дека во Париз ќе игра добро. Тој е фаворит пред Ѓоковиќ и Доминик Тим“.
Шпанецот не се срамеше тоа јавно пред медиумите да го каже, со пресметан ризик дека на тоа може да реагира и Федерер.
„Тој има освоено 20 такви турнири, нормално е дека и тој спаѓа во фаворитите, но не како Рафа и Новак. Но, доколку игра добро, би можел да ги победува најдобрите“, тврди Тони Надал.