Повеќе од очигледно е со што би се занимавал тенисерот по заминувањето од тенисот.
Минатата година, Рафаел Надал издвоил над 5 милиони евра за специјално направената верзија на јахтата – модел „80 Sunreef Power catamaran“.
Тој ја заменил својата стара јахта која што ја продал за 2 милиони евра, а се викала „Бетовен“.
Неговата нова јахта има два силни мотори, а предвидена е за користење за долги крстарења.
Заедно со јахтата следува и гаража за џет ски, како и голем дел во внатрешноста кој што е исполнет со бар, базен кој што има мал водопад, кујна, тоалет…
Интересно е тоа што кормилото се наоѓа на исто место каде што се наоѓа и кујната.