За време на патувањето во Турција, наградуваниот GoPro фотограф, Ведат Думани, познат како Mr. Traveller, усепал да направи прекрасно видео од талентиран продавач на сладолед во еден центар во Истанбул, кое воодушевило милиони луѓе на социјалните мрежи.
Кога и да помислел Думани дека е близу до својот сладолед, продвачот го “зафркнувал“ со уште еден трик. За Думани тоа било лекција за трпение.
„Ова се случува кога сакате да добиете традиционален турски сладолед“, напишал под снимката.
Снимката настанала минатиот месец, а за неа Думани е награден со GoPro TripOn награда.
„Прекрасно видео, неверојатен талент“, „Не можам да престанам да го гледам“, се само некои од коментарите под видеото.