Најава за бојкот на маркетите во Македонија

179

Во Македонија за овој петок се најавува голем бојкот на големите маркети, како реакција на драстичното поскапување на цените. Организаторите повикуваат граѓаните да се воздржат од купување и користење услуги на маркетите, со цел да испратат јасна порака до одговорните за оваа економска состојба.

„Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“  се вели на социјалните мрежи.

Дали ова е вистинската форма на притисок за промена, останува да покаже реакцијата на надлежните и јавноста.