Бразилската суперѕвезда Нејмар меѓу редови најави дека би можел да го напушти ПСЖ и да се пресели во Реал Мадрид.
„Дали сакам да играм во Реал? Тоа е еден од најголемите клубови во светот, секој фудбалер сонува да игра таму“, изјави Нејмар.
Сепак, во продолжение објасни дека не размислува да се пресели таму, туку дека му ласка што таков клуб е заинтересиран за него.