Кога мислите на брак, првото ветување е претежно завет на вечна љубов кон една личност.
Но, што ако не најдете една сродна душа во вашиот живот, туку пет?
И не само тоа, туку вие одлучувате да основате семејство со сите 5?
Имено, Бреди Вилијамс стана познат на светот, откако пред телевизиските камери откри дека е во брак со дури пет жени, со кои има вкупно 24 деца.
Бидејќи ги има многу, тие живеат во две куќи што се една до друга. Поранешниот Мормон се залага за полигамија и тврди дека ги гледа сите пет жени – Поли, Робин, Розмари, Нони и Ронда – како сродни души.
Живееме во мир, среќа и никогаш не ни е здодевно, рече тој. Иако овој начин на живот е незамислив за многумина, во нивната област, Солт Лејк Сити во американската држава Јута, тој е добро прифатен. Верувале или не, приближно 50 до 100 илјади семејства живеат вака.
Официјално е оженет само со Поли, додека има „духовни заедници“ со други жени. Секоја од нив е воспитана да биде послушна и секогаш достапна за својот сопруг. Освен фактот дека тие се многу дисциплинирани во однос на него, во двете куќи се применува строг распоред. Брејди го одредува времето што ќе го помине во кревет со секој од нив, а тој обично оди на друга жена секој ден напладне.
Тој посочува дека таквото темпо не му е тешко и гордо тврди дека е „најсреќниот човек на светот“. Според „The Mirror“, жените изјавиле дека нема љубомора меѓу нив.
Ова необично семејство јавно го покажа својот живот во дури две сезони на шоуто „Моите пет жени“, што се емитуваше на една американска телевизија, а епизодите неодамна беа прикажани и кај нас.